22983 - Преку издршката

Н. Лигерос

Преку издршката
го одржуваш своето ропство
и си горд
што си слободен од окови
при што секако забораваш
на поводникот
затоа што сметаш
дека бидејќи самиот си го ставил
тој е
бесценето ланче
но неговите камења
се од каменоломот
на
концентрационениот логор
кој го нарекуваш
општество.