23379 - Барај ги
Н. Лигерос
Translated by Teodora Papatolevska
Барај ги
во Човечкиот род
прекрасните луѓе
кои не се отуѓуваат
во рамките на општествата
затоа што имаат свест
целосно различна
поради хиперструктурата
која ја чувствуваат
дури и внатре во себе
затоа што надворешноста
и внатрешноста
се непрекинати
и нивното тело
е едноставно
допирна зона
на разгранувачки
светови
со иновацијата
на нивната интелигенција.