24567 - Дамата од Нов Зеланд

Н. Лигерос
Translated from English by Teodora Papatolevska

Дамата од Нов Зеланд
длабоко нѐ трогна
на гробиштата на АНЗАК
затоа што го оставила
сиот секојдневен живот
во нејзината татковина
за да живее со мртвите
кои беа жртвувани
за слободата
на луѓето
бидејќи во себе го чувствувала
признанието
и кога ги виде
цртежите и дизајните
на нашата пријателска љубов
кога ѝ го препознавме погледот
одлучивме
да ѝ испратиме
сличен подарок
за да знае
дека чувствуваме почит
кон нејзините луѓе
кои починале
за ние да можеме
да живееме.