24552 - Човечка врска

Н. Лигерос
Translated from English by Teodora Papatolevska

Човечка врска
не е онаа
која бара ексклузивност
туку онаа која дели
со Човештвото
бидејќи секој треба
да ја игра својата улога
а и усогласено
со цел да се движиме
секогаш заедно
дури и кога сме
далеку
едни од други
па и ти кој ја бараш
својата друга половина
не чекај предолго да ја вклучиш
во рамката на тимот
во спротивно ќе претрпиш
друштвени судири
кои ќе те повредат
без причина
само
затоа што ќе постојат.