24539 - Кога не можеш

Н. Лигерос
Translated from English by Teodora Papatolevska

Кога не можеш
да ја издржиш угорницата
на Човештвото
не можеш само да се вратиш
во општеството
туку се тркалаш надолу
со забрзување
бидејќи повеќе не сакаш
да ја гледаш светлината
и си ослепен
бидејќи те вознемирува
и вистината
која ја осветлува
стварноста
бидејќи имаш
грижа на совест
и не сакаш
да ја видиш
ниту да
биде спомената
за да чувствуваш
дури и сега
дека си
невин.