24560 - Со шах и го

Н. Лигерос
Translated from English by Teodora Papatolevska

Со шах и го
умствено се бориш
против недозволивиот заборав
затоа што ја бараш
вистинската суштина
зад секој потег
неповратниот
во кој
постои невидливата стратегија
која влијае
на секоја постапка
која го вообличува
светот на иднината
со потезите
и спокојството
можеш да се исправиш
меѓу оние кои се на колена
затоа што ти си
секогаш поблизу
до небото
додека другите
гледаат само во земјата
затоа што нивниот поглед
е трајно
наведнат.